СПМ: Неопходна промена на моделот на пресметка на растот на пензиите
Социјалистичката партија на Македонија го разбира незадоволството на пензионерите од последното усогласување на растот на пензиите за 5,3%.
Власта на СДС и ДУИ упорно се фали дека тоа е раст на пензиите но всушност е само делумно приближување до растот на инфлацијата и до растот на просечната плата што како модел не се покажа успешен и мора да се промени.
Подолгото заостанување на растот на пензиите што го направи владата на СДС и ДУИ ги обезвредни парите на граѓаните кои со години уплатувале во пензискиот фонд.
Пензионерите се осиромашени, навредени и гневни што нивниот опстанок е загрозен токму од лошите политики на власта која ги игнорираше нивните протести и барања.
Социјалистичката партија на Македонија поддржувајќи ги пензионерите повторно укажува дека е неопходна промена на моделот на пресметка на растот на пензиите што веќе е присутен во други држави, а заради пореметувањата што ги предизвика инфлацијата и игнорирањето на промените од страна на власта.
Заради лошите политики и игнорантскиот однос кон пензионерите власта на СДС и ДУИ мора на изборите да биде поразена од граѓаните од Македонија и да се изберат национално определени лица кои ќе се грижат за пензионерите и за сите граѓани во државата.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп
-
Без да плати со приватно возило поминувал патарина, кривична за началник