Македонија
14. April 2023 - 21:14

СПМ: Денешниот повторен повик на Османи до опозициските партии е несериозен - нема промени во ставот

Социјалистичката партија на Македонија смета дека и покрај жестоките реакции во јавноста и огромното мнозинство граѓани кои не се согласуваат со било какви уставни измени само неодговорен министер за надворешни работи како Бујар Османи упорно и тврдоглаво застапува став за измените.

Тој дрско диктира апсолутен и единствен услов за формата и соддржината на уставните измени и никако поинаку, со што со изричитоста ја надминува неговата безначајност во македонското постоење, минато, сегашно и идно. 

Неговото безобразно однесуваење се гледа и во отфрлањето можност за некаква преформулација лицитирана од бугарска страна.

Како крајно несериозен го сметаме денешниот повторен повик на Османи до опозициските партии на конструктивност. Се чини дека со секојдневно повторување на цврстиот опозициски став сепак ќе свати дека кај опозицијата нема да има промена.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека лекоумно или свесно прифатените услови имаат сериозни последици врз македонските национални интереси, но незаинтересираниот и неупатен, а веројатно и уценет Османи не ги перцепира како такви, заслепен од агенда која како македонски министер за надворешни работи не смее да ја има и за тоа сериозно треба да се замисли.

Социјалистичката партија на Македонија порачува дека не постои никаква можност за вклучање во неуставната ткн.работна група за уставните измени и било какво споредување со блиското минато на вечниот министер Османи го сметаме за непочитување на опозициските политичките партии, а со тоа и на огромен број Македонци.

Му препорачуваме и овие елементи да ги има во предвид, особено во исфрустрираното образлагање за потребата од претпазливост за проширување на измените.

По сите основи до сега невидено криминалната Влада на ДУИ и СДС води катастрофална надворешна политика со незамисливи отстапки од суштествените македонски национални и државни интереси, како основа на криминалните политики за распродавање на се што е македонско.

 

Информативна служба на СПМ