Спектакуларна сцена на парадата во Париз: Летачки војник со автомат пролета покрај трибината на Макрон

Во Париз во тек е парада по повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља, а една од најспектакуларните сцени на дефилето пред трибината, на која седеше претседателот Емануел Макрон, ја приреди поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата кој леташе на својот „Флајбор ер“ - лебдечка купола која му овозможува маневри како од научнофантастичните филмови.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа дека Запата во рака носи автоматска пушка, што укажува дека ова летало би можело да биде употребено во арсеналот на француската војска.
„Паризијен“ наведува дека во прашање е летало кое како гориво користин керозин, поседува пет мини турбо мотори кои овозможуваат брзина до 190 километри на час, а летот може да трае до 10 минути.
На Макрон очигледно му се допадна демонстрацијата на „Флајборд ер“ бидејќи со широка насмевка и аплауз го поздрави Запата кој одлета и местото им го отстапи на другите учесници на парадата.
Ново на Сител
-

Притвор за 39-годишник кој преку социјални мрежи се заканувал и го навредувал премиерот Мицкоски
-

Рибакина ја престигна Сабаленка и се искачи на врвот на светската ранг-листа на ВТА
-

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена
-

„Вашингтон пост“: Кенеди-центарот пред банкрот, можно е да биде затворен уште утре
-

Одложени разговорите меѓу Иран и заливските држави за Ормуз
-

ЦДУ на Мерц победи на локалните избори во Долна Саксонија, АфД со голем раст
-

Кејн го постигна својот 150. гол за Баерн
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени
