Специјална награда за „Бикини Мун“ на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто
„Бикини Мун“ на Милчо Манчевски освои Специјална награда на жирито на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, што е прва награда за неговиот петти игран филм. На „Фантаспорто“ Манчевски пред две години беше лауреат на наградата за животно дело, соопшти „Банана филм“.
„Бикини Мун“ премиерно игра во САД, каде завчера имаше американска премиера на фестивалот „Синеквест“ во Сан Хозе, Калифорнија.
- Филмот доби одлични рецезии по премиерата на „Синеквест“: „’Бикини Мун“ е воодушевувачки брилијантен филм“, „Целосно свежо и оригинално дело на режисерски маестро“, „Ова е филм каков што ‘Обликот на водата’ сакал да биде, ама не знаел како“, напиша меѓу другото американската критика, наведува „Банана филм“.
Американско-германската копродукција „Бикини Мун“ на „Синеквест“ ќе биде прикажан четири пати во програмата „Живот“, која го најавува филмот со зборовите „Царствата на умот се бескрајни и чудесни“.
Реномираниот „Синеквест“ е избран за најдобар филмски фестивал од читателите на „УСА тудеј“ и се одржува во Силиконската Долина.
Во текот на март „Бикини Мун“ ќе игра и на еден од најголемите американски фестивали на независен филм во Сарасота, а во Европа ќе се прикаже и на фестивалот во Софија и Истанбул.
Ново на Сител
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого