Специјален Самит на ЕУ посветен на Украина и европската одбрана
Континуираната поддршка за Украина и европската одбрана ќе бидат главни теми на денешното специјално заседание на Европскиот совет во Брисел, на кое е поканет да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Како што соопшти Европскиот совет во услови на нов моментум во однос на ситуацијата во Украина, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе разговараат за тоа како Унијата може дополнително да ја поддржи земјата и принципите што треба да се почитуваат во иднина.
Во поканата до лидерите на земјите на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта порача дека Унијата и нејзините членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа.
– Затоа треба да бидеме подготвени за можен европски придонес кон безбедносните гаранции кои ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина, нагласи Кошта.
Од почетокот на руската агресија, ЕУ и нејзините земји членки обезбедија речиси 135 милијарди евра помош за Украина и украинскиот народ, вклучително и 48,7 милијарди евра за поддршка на украинските вооружени сили.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и 20 членови на Европската комисија, предводени од нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен денеска престојуваат во Киев, со цел да ја изр
На Самитот ќе стане збор и за европската одбрана, како продолжение на дискусиите започнати на вонредната лидерска средба на ЕУ на 3 февруари на кој се разговараше за зајакнување на колективните одбранбени капацитети, финансирањето на одбраната и стратешките партнерства.
– Надоврзувајќи се на таа дискусија и со оглед на итноста на ситуацијата во Украина, лидерите ќе имаат за цел да ги донесат првите одлуки што ќе и помогнат на Европа да стане посуверена, поспособна и подобро опремена да се справи со сегашните и идните безбедносни предизвици, се наведува во најавата за специјалниот Европски совет.
Земјите членки на ЕУ досега во неколку наврати најавија посветеност на определбата за зголемување на своите издвојување за потребите на одбраната и веќе презедоа одредени активности во тој правец.
– Помеѓу 2021 и 2024 година, вкупните трошоци за одбрана на земјите членки се зголемија за повеќе од 30 отсто на околу 326 милијарди евра, што е приближно изнесува 1,9 отсто од БДП на ЕУ, се додава во најавата.
Во пресрет на Самитот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во вторникот претстави План за повторно вооружување на Европа, кој предвидува создавање на Фонд кој би можел да мобилизира близу 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната во ЕУ, како и за воена помош за Украина.
Утре преку писмо ќе ги информирам земјите членки (на ЕУ) за план за повторно вооружување на Европа. Потребен ни е масовен поттик на одбраната, нагласи Фон дер Лајен во одговор на новинарско п
– Европа е подготвена да ја преземе својата одговорност. Планот „Ревооружување на Европа“ може да мобилизира близу 800 милијарди евра за безбедна и прилагодлива Европа. Ќе продолжиме тесно да работиме со нашите партнери во НАТО. Ова е момент за Европа. И ние сме подготвени да се засилиме, порача Фон дер Лајен при претставувањето на Планот.
Таа посочи дека Планот содржи сет на предлози за тоа како ЕУ да ги искористи сите финансиски лостови што и се на располагање, со цел да им помогне на земјите членки брзо и значително да ги зголемат трошоците за одбранбените капацитети сега, но и на подолго рок во текот на оваа деценија.
– Живееме во најзначајните и најопасни времиња. Не треба да ја опишувам тешката природа на заканите со кои се соочуваме или погубните последици со ќе треба да се соочиме доколку тие закани се остварат. Затоа што веќе не е прашањето дали безбедноста на Европа е загрозена на многу реален начин или дали Европа треба да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност? За волја на вистината, одамна ги знаеме одговорите на тие прашања, наведува Фон дер Лајен во писмо упатено до лидерите на ЕУ во кое ги запознава со содржината на Планот.
Планот се состои од пет дела, кои предвидуваат зголемено јавно финансирање на одбраната на национално ниво, создавање нов Инструмент преку кој ќе се обезбедат 150 милијарди евра заеми на земјите членки наменети за заеднички вложувања во одбраната, користење на средства од буџетот на ЕУ на краток рок за инвестиции поврзани со одбраната, мобилизирање на приватниот капитал за вложување во одбранбените потреби, како и вклучување на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во обезбедувањето средства за зајакнување на одбраната.
– Несомнено сите сакаме траен мир, но таков мир може да се постигне само преку зајакнување. Треба да почнеме прво со зајакнување на самите себе. Тоа е и целта на планот што ќе им го претставам утре на земјите членки, порача Фон дер Лајен.
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале