Спасувачките екипи во Сечуан забрзано работат на терен за извлекување преживеани од под урнатините
Спасувачките екипи вложуваат големи напори да спасат луѓе по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го потресе округот Лудинг во југозападната кинеска провинција Сечуан.
Метеоролозите за денеска најавуваат врнежи од дожд во регионот, што дополнително ќе ја отежнат спасувачката операција. Најмалку 66 лица загинаа во потресот, 15 се водат за исчезнати, а 253 се повредени. Пет хоспитализирани лица се во критична состојба. Работната група формирана од Државниот совет пристигна вчера рано наутро за да ги координира спасувачките активности.
Оштетени се повеќе од 300 базни станици и 134 километри оптички кабли, а повеќе од 16 илајди лица се надвор од комуникациската мрежа. До синоќа санирани се 77 базни станици, а струја повторно е обезбедена до 22 илјади домаќинства. Покрај пожарникарите под воена команда, во спасувањето се вклучија и војниците на копнените сили на кинеската Народна армија.
Во спасувањето учествуваат повеќе од 6.650 луѓе, меѓу кои војници, инженери и работници на службите за итна медицинска помош. Беспилотните летала играат важна улога во спасувањето, обезбедувајќи мобилен комуникациски сигнал каде копнените врски се во прекин.
Преку нив се обезбедуват снимки од ситуацијата на терен што помага во координација на спасувачките екипи и придонесуваат за побрза реакција.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино