Спасувачите во Турција и Сирија во трка со времето
Борба со времето во Турција и Сирија. Пет дена по земјотресот се прават последните напори да се спасат преживеаните. Синоќа во Газиантеп по 115 часа поминати под урнатините се извлечени шест месеци трудна жена и нејзината седумгодишна ќерка. Нивната судбина сепак е неизвесна. Лекарите предупредуваат дека критични се првите 48 часа после спасувањето. 40 годишната жена која германските спасувачи вчера ја извлекоа во Кирикан, не издржа и почина во болница.
Сепак надежта последна останува. 4-те деца на Мехмет Темисхан се под урнатините, спасувачите се уште не дошле до нив. Тој се надева дека се живи.
Но, и спасувачките акции сами по себе се ризични. Спасувачите во Хатај во обид да спаси живот и самите беа затрупани, потоа спасени од нивните колеги.
Голем број доброволци се приклучија на цивилната одбрана во Алепо во Сирија, човечкиот живот нема цена. Под урнатините извлечено е и пет годишно девојче.
Бројот на жртви во Турција и Сирија се искачи над 24.000. Претседателот Ердоган вчера ги критикуваше надлечните служби дека требале побрзо да реагираат. Во спасувањето е ангажирана турската војска и спасувачки екипи од целиот свет, меѓу кои и од Македонија.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
