Спасовски за можноста да се кандидира за претседател: Тоа се партиски работи, кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став
Прашањето за претседателски кандидат на СДСМ на претстојните избори за претседател на државата, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е партиска работа, за кое, вели дека ќе го каже својот став кога ќе дојде моментот за тоа.
Прашан дали ќе се кандидира за претседател, Спасовски, по денешната работната средба со раководствата на СВР Куманово, СВР Тетово и РЦ Север, рече дека тоа „не се теми отворени, ниту пак теми за јавност и тука“.
- Тоа се партиски работи за кои што, кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став, рече Спасовски.
Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, пред почетокот на вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, рече дека претседателскиот кандидат на СДСМ нема да биде на дневен ред, но нагласи дека претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ.
- Сите политички партии имаат свои амбиции, но претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ, како што беше и на минатите избори и ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци и така натаму, и тоа ќе биде претседателот на државата и во следниот мандат, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро
-
Делегација на Достоинство, предводена од Ангелов положи цвеќе во спомен на загинатите бранители во Вејце
-
Палевски негира насилни кривични дела, според него процесот е политички прогон
-
Човечко тело пронајдено во Вардар