Спасовски: Во Вевчани не се случи ништо спектакуларно, сакаа инцидент и сензационалност
Во Вевчани не се случи ништо спектакуларно, од политички причини сакаа инцидент и сензационалност, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со интервенцијата на полицијата поради непочитување на задолжителните мерки за заштита од Ковид-19 на Вевчанскиот карневал.
Спасовски во интервју за националниот сервис МТВ нагласува дека договорите „кои ги постигнале во вевчанци, не се испочитувале“.
Министерот апелира да се почитуваат мерките и на тој начин да им се помогне на здравствениот систем и на медицинските работници.
– Јануари е полн со празници и затоа апелираме да престанат групирањата и доследно да се почитуваат мерките, потенцира Спасовски.
Инаку, завчера и покрај откажувањата на дел од организаторите на карневалот, стотина василичари од Вевчани, под карневалски маски, се обидоа да го одржат карневалското дефиле, по што интервенираше полицијата. Дел од вевчанци обвинија дека некој сака да ја уништи вековната василичарска традиција.
Ново на Сител
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух