Спасовски: Високите ѕидови нема да го решат проблемот со мигрантите
Европа минатата година беше сведок на сериозноста, тежината и заканите што произлегуваат од масивниот миграциски бран од Блискиот исток. Таквата состојба ни стави до знаење дека ни е неопходна меѓусебна соработка во насока на интензивирање на заеднички координиран пристап во справувањето со миграцијата, посочија учесниците на Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ .
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека доколку нема заеднички синхронизиран пристап, тешкотиите и заканите ќе ги споделуваат како државите поединечно така и несреќните луѓе принудени на мигрирање.
Демографијата, диверзитетот и хуманитарната катастрофа се трите најголеми предизвици со кои се соочува Меѓународната организација за миграција.
Претседавачот на Комитетот за миграции Филипо Ломбарди потенцираше дека е потребна поддршка и за земјите од кои доаѓаат мигрантите, за тие да можат, кога ситуацијата ќе се стабилизира, полесно да се вратат во својата земја.
Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ претставува најголемиот меѓународен парламентарен настан организиран во Република Македонија, во кој учествуваат делегации од 51 земја-членка во ОБСЕ.
-
Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар