Спасовски: Треба да се обнови и зајакне врската меѓу граѓаните и полицијата
Под мотото „Полицијата за граѓаните“ МВР го започна одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција со тактичко-показна вежба на припадниците од Единицата за специјални задачи која во три различни ситуации ги демонстрираа тактичко-техничките способности во касарната „Ѓорче Петров“.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека оваа тактичко-показна вежба е еден од начините како да се доближи полицијата до македонските граѓани.
- Врската меѓу граѓаните и македонската полиција треба да се зајакне и да се обнови за сите да бидеме побезбедни и вклучени во системот за безбедност, рече Спасовски.
Студентите од Факултетот за безбедност, Институтот за одбрана и мир, ученици од Центарот за обука, градоначалници, министри..., на полигонот пред касарната имаа можност да ја видат подготвеноста на најелитните единици за специјални задачи кои демонстрираа справување со толпа која го нарушува јавниот ред и мир, како и сопирање и откривање на возило во движење со вооружени лица.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на исплатата на 13-та плата на полицајците, министерот Спасовски рече дека се работи на обработка на податоците за да се утврди точната бројка на луѓе што ги исполнуваат условите за повеќе од 150 часа и дека во континуитет се работи за пополнување на местата каде недостасува полициски кадар за да не се појави проблем содополнително ангажирање на вработените во МВР.
Министерот беше прашан и дали ќе покани некого од поранешните министри и директори од претходната влада на одбележувањето на Денот на полицијата, при што одговори дека ќе му биде мило дел од претходените структури кои направиле добро за македонската полиција да присуствуваат на манифестациите. Според Спасовски, има дел и од поранешните функционери кои ќе се чувствуваат непријатно да присуствуваат во системот во кој придеонеле да биде урнат.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување