Спасовски со честитка до Македонскиот полициси синдикат по повод 29 мај – денот на основањето
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати честитка до Македонскиот полициски синдикат, по повод денот на основањето 29 мај, на како што наведува, првиот синдикат во историјата на македонскиот синдикализам.
– Низ овие 29 години покажавте дека трудот на полициските службеници може да се организира, синдикалната организација може да обедини, а вработените да ги консолидираат своите сили. Се радувам што во рамки на Сојузот на синдикатите на Македонија, каде што сте примени како рамноправен член, важите за еден од најорганизираните и најголемите гранкови синдикати по однос на процентуалниот износ на бројот на членови во однос на бројот на вработените. А онаму каде синдикатите се најцврсто организирани, таму најмногу се почитуваат правата на вработените, пишува меѓу другото министерот Спасовски на неговиот фејсбук профил.
Во склоп на Македонскиот полициски синдикат спаѓат сите вработени во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
