Спасовски се сретна со заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Голдстајн
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со Џеф Голдстајн, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Двајцата соговорници разговарале за неопходноста во Република Македонија да се одржат фер и демократски избори, при што министерот Спасовски потенцирал дека МВР целосно ќе се стави во функција за тоа да се случи.
- Спасовски рече дека нема да дозволи МВР да биде злоупотребено ниту преку користење на човечки ресурси, ниту на технички ресурси, како што тоа беше случај на претходните избори. Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн се согласи дека не смее да има никаква злоупотреба на ресурсите на МВР и понуди помош доколку тоа биде потребно, се вели во соопштението од МВР.
На средбата се разговарало и за борбата против тероризмот и беше нагласена потребата за зголемена регионална полициска соработка, како и потребата од изнаоѓање ефикасна методологија за реинтеграција и социјализација на борците вратени од конфликтните подрачја.
Ново на Сител
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар