Спасовски се сретна со делегација на Советот на европските полициски синдикати
Професионалците во Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе добијат поддршка за професионалното работење, а во соработка со Македонскиот полициски синдикат ќе бидат подобрени и условите за работа на полицајците.
Тоа го истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на средба со делегација на Советот на европските полициски синдикати, предводена од претседателот Андреас Симеоу, каде полноправен член е Македонскиот полициски синдикат.
Спасовски, соопшти МВР, на средбата ја презентираше намерата за спроведување темелни реформи во Министерството за внатрешни работи, со цел оваа институција да се департизира и декриминализира и на тој начин да ја врати довербата кај граѓаните.
Симеоу му го честитал изборот на министерот Спасовски и ја поздравил неговата подготвеност за соработката со Македонскиот полициски синдикат околу подобрувањето на условите за работа на полицајците и спроведувањето на најавените реформи. Според него, инвестирањето во полицијата е неопходно, затоа што подобрите услови ќе донесат и подобри резултати во работењето, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност