Спасовски: Разговор со возачот на автобусот, покренати пет постапки за говор на омраза
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува утре да има првични сознанија околу истрагата за вчерашната автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица беа повредени. Вечерва, како што најави во интервју за 1 ТВ, ќе се изврши разговор во полициска станица со возачот на автобусот.
– Истрагата трае, увидот на настанот е завршен, утре ќе можеме да очекуваме првични сознанија околу аспектите кои ги гледа истрагата. Вечерва ќе имаме разговор во полициска станица со возачот на авотубост и врз основа на сите тие наоди ќе добиеме која била причината за оваа голема трагедија, рече Спасовски.
Тој упати благодарност до институциите на државно и на локално ниво, кои како што рече реагирале бргу и ефикасно, на лекарите и медицинскиот кадар од јавното и приватното здравство, а ја потенцираше и солидарноста на граѓаните.
Наспроти таа слика, како што вели, чувство на човечки пораз создава говорот на омраза на социјалните мрежи за што Министерството за внатрешни работи веќе покренало пет постапки.
– Тоа е чувство на човечки пораз, лично, чувствувам дека како луѓе неможеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓу себе, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието