Спасовски: Протоколите не се под директна контрола на МВР, тоа е работа на секој од кабинетите во Владата
Има протоколи и начин на кој се комуницира во однос на секој носител на државна и јавна функција во Република Северна Македонија. Треба да се следат тие протоколи. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливеер Спасовски по посетата на Центарот за обука во Идризово каде што во тек е селекцијата за нови полициски службеници, одговарајќи на новинарско прашање за надлежностите на МВР во случајот со руските пранкери и телефонските разговори на премиерот Зоран Заев.
Посочувајќи дека такви ситуации се случиле не само во Македонија туку и во други држави, Спасовски потенцира дека тоа не е нешто што е по директна контрола на МВР, туку е работа на секој од кабинетите во Владата, начинот на комуникациите и тн.
-Во тој однос потребна е малку поголема будност во следењето на препораките и протоколите со што можат да се средат сите овие работи, изјави министерот Спасовски.
На новинарско прашање дали се следеле безбедносните протоколи бидејќи за тоа се разговрало и на владина седница, Спасовски информира дека нема таква информација и оти не бил присутен на последната седница на Владата и ги чека заклучоците
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето

