Спасовски презентираше дел од мерките со кои ќе се спречи иселувањето на младите

Носителот на кандидатската листа во Втората изборна единица од коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Спасовски заедно со кандидатите за пратеници од оваа листа денеска презентираа дел од мерките со кои, како што нагласи, ќе се спречи иселувањето на младите од државата.
- Еден од најголемите проблеми на овој град и воопшто во Македонија и во Втората изборна единица е масовното иселување на граѓаните, а особено на младите кои заминаа во далечни и ризични земји како Ирак и Авганистан. Многу семејства живеат разделени, многу родители се одвоени од своите деца само да обезбедат подобра егзистенција, рече Спасовски.
Тој во своето обраќање истакна дека планираат просечната плата во Македонија да изнесува 30 илјади денари, да формираат старт ап центри за отворање на фирми и да понудат 10 илјади евра финансиска поддршка за отворање на фирма.
- Се обврзуваме дека просечната плата во Македонија ќе изнесува 30.000 денари. Тоа ќе бидат 60.000 денари месечно за семејство со двајца вработени, сума којашто може да обезбеди пристоен семеен живот. За најкреативните решенија за младите луѓе ќе обезбедиме неповратни средства во висина на 10.000 евра за да можат да отворат сопствена фирма, ќе создадеме старт ап центри каде младите со нивните бизниси ќе можат да користат бесплатни простории и да добиваат бесплатна сметководствена и правна поддршка, ќе овозможиме отворање на фирма со само едно евро основачки влог, рече Спасовски.
За стечајните работници најави дека по формирањето на Владата во рок од сто дена се обврзуваат дека ќе донесат закон за решение на оваа категорија на граѓани.
Во однос на кандидатските листи на СДСМ, Спасовски оцени дека тие се креирани онака како што очекуваат граѓаните. - Имаме и невладини организации, интелектуалци и мноштво политички партии, нешто што обединува, наспроти разединувањето кое што го има ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години, рече Спасовски.
Во врска со кандидатурата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за носител на листата во Четвртата изборна единица, Спасовски смета дека тој ќе изгуби без разлика во која изборна единица е кандидиран.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
