Спасовски: Празниците се голема духовна сила, да го понесеме доброто како чест и да продолжиме заедно по патот на мирот и спокојот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до претставниците на Синодот на МПЦ – ОА и до сите луѓе во нашата држава, кои ги чествуваат големите христијански празници Бадник и Рождеството Христово Божиќ, во името на Владата и во негово име.
– Големите празнични денови, како што се Бадник и Раѓањето Христово Божиќ се голема духовна сила за секој човек, да ги види одново вредностите што носат благослов, како што се чесноста, љубовта, грижата едни за други и да го прилагоди своето дејствување во заедницата, во името на тие вредности, стои во честитката од премиерот Спасовски.
Христос оставил вечен светилник на човештвото, дека само заедничката радост е радост, и само заедничката среќа е среќа, како и дека никогаш и поради ништо човекот не треба да се откаже од големото добро, дури напротив, истакнува Спасовски, треба да го понесе на себе како чест и да одговори достоинствено на оваа света човекова обврска.
– Да го продолжиме патот кон мир и спокој, кон сигурност и благосостојба, продолжувајќи да ги негуваме единството, почитувањето, пријателствата, чистата и искрена љубов. Христос се роди!, вели претседателот на Владата, Спасовски во честитката.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
