Спасовски: Оставката од Чулев морален чин, непочитувањето одлуки и неактивирање на полицијата бара одговорност
Оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со одржаната литија во Струга според премиерот Оливер Спасовски е морален чин. Непочитување на одлуките, неактивирање на полициски службеници да преземат соодветни мерки, секако дека бара и одговорност, смета премиерот.
-Донесовме заклучоци и побаравме сите надлежни институции целосно да го расветлат целиот овој случај и за организаторите, за оние што присуствувале, оние кои не ги почитуваат одлуките на Владата и со тоа директно го доведуваат во прашање животот и здравјето на граѓаните да се отворат постапки. Побарвме и да се отвори постапка и во делот на организација на настанот во МВР, рече премиерот денеска одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето пред Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата на Република Северна Македонија, а по повод 9 Мај.
Според него секако оставката е морален чин. -Ние, додаде, се наоѓаме во време што е ненормално, време кое не изместува сите нас од обичниот начин на живеење и време кое ќе бара нова нормалност во идниот период. Непочитувањето на одлуките, неактивирање на полициски службеници тоа го казнуваат да се преземаат соодветни мерки, секако дека бара и одговорност.
Ново на Сител
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер