Спасовски: Нашите пријатели во Брисел ги делат со нас очекувањата за официјализирање на членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ

Нашите пријатели во Брисел ги делат со нас очекувањата за официјализирање на членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, порача премиерот Оливер Спасовски по завршувањето на дводневната посета на Брисел каде учествуваше на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ и оствари средби со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и со други дипломати од Европа и САД.
-Сакам да го изразам моето задоволство што имавме можност да оствариме средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Разговаравме за следните чекори, за официјализирањето на членството на Република Македонија во НАТО, како еден од најзначајните чекори за стабилноста на граѓаните од нашата земја, како и за целиот регион, изјави Спасовски во Брисел.
Секако, додаде, оваа посета ја искористивме за да оствариме средба со претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен и со еврокомесарот за проширување Вархеји.

-Разговаравме за европските перспективи на државата, за тоа дека Република Македонија ги оствари сите зацртани планови за нашето започнување на преговорите со ЕУ. Навистина, очекуваме што е можно поскоро Европскиот совет да донесе одлука за отпочнување преговори на Република Македонија за членство во ЕУ, посочи Спасовски.
Една од клучните задачи во Брисел, потенцира, беше да учествуваме и на конференцијата „Заедно за Албанија“ за донации за обнова на земјата после тешкиот земјотрес во оваа земја.
-Тоа покажува дека сме подготвени за регионална соработка, за солидарност, и навистина сме задоволни што можевме да помогнеме и да бидеме дел од оваа донаторска конференција, рече Спасовски.
Ново на Сител
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
-

17-годишно девојче физички нападната и психички малтретирана од соученик
-

Приведен велешанец кој извршил тешка кражба од базна станица на телекомуникациски оператор
-

Малолетник се заканувал со пиштол на 18-годишник по расправија во с.Оризари
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
