Спасовски: Најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска на прес-конференција реагираше што досегашниот престедател на Собранието Трајко Вељаноски планира да ја води утрешната конститутивна седница.
Тоа, нагласи Спасовски, е спротивно на Деловникот и на собраниската пракса, бидејќи, како што рече, најстариот пратеник претседава со конститутивната седница.
- Трајко Вељаноски сега е пратеник. Како што бил прв меѓу еднаквите, сега е еднаков со сите како пратеник и затоа сметаме дека конститутивната седница треба да ја води најстариот меѓу пратениците, од проста причина што ставот два од членот девет е поврзан со ставот еден кој вели дека доколку досегашниот претседател на Собранието не ја свика седницата, тогаш ја свикува најстариот пратеник и ставот два вели дека тој кој ќе ја свика седницата тој председава со неа, истакна Спасовски.
Порача дека ставот на СДСМ е многу јасен. - Досегашната практика и одредбите од Деловникот се јасни, најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница, изјави Спасовски.
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
