Спасовски: На огласите за полицајци да се пријават кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници
На огласите за вработување на полициски службеници да се пријават кандидати од ромската, српската, турската и од сите други етнички заедници порача Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање зошто во ОВР Берово нема вработени полициски службеници од ромската заедница.
-За Берово е значајно да имаме полицајци Роми и ова некаде биде апел самите да се пријават, да учествуваат во селекцијата, да се натпреваруават и секако дека сите оние кои се заинтересирани, имаат желба, добро ќе ги поминат овие селекции можат да бидат дел од македонската полиција, вели Спасовски.
Забележа дека изминатите години освен што е водено грижа за етничката застапеност, внимание е свртено е кон родовата застапеност во службите, но и на раководните позиции. Министерот Спасовски денеска беше во посета на ОВР-Берово, каде што е извршена реконструкција на објектот.
-Генерално безбедносната состојба е мирна, стабилна, со многу предизвици. Државата има извонредна геостратешка положба и тоа придонесува да има добар пристап, комуникација со другите држави, но и тоа носи низа на безбодносни предизвици и ризици, оцени министерот Спасовски одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува безбедносната состојба во земјава поради актуелните протести против францускиот предлог.
Тој нагласи дека и Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност работат се со цел да се сочува безбедноста, стабилноста на државата.
Смета дека мирниот протест е демокртаско право, а највисока демокртаска оценка може да добие една држава, која го почитува ова право.
-Јас апелирам до сите граѓани, кои протестираат, да протестираат мирно и достоинствено. До политичките субјекти да направат се, бидејќи тие се коишто креираат состојби, мислења и да повикуваат на смиреност наспроти радикализација. Преку мирни протести може да се изрази својот став, додека преку вандализам, радикализам и преку насилство не може да се постигне ништо рече, Спасовски.
Побара од страна на демонстрантите да ги почитуваат полициските службеници, бидејќи, какошто вели Спасовски тие се кои ни ја чуваат стабилноста на државата.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија