Спасовски: МВР продолжува со подобрување на условите за работа во полициските станици
Министерството за внатрешни работи продолжува со подобрување на условите за работа во полициските станици со цел поголема мотивација на полициските службеници. Ова во рамки на денешната посета на Берово го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање за најавената реконструкција на неколку полициски станици во државата.
-Една од клучните цели на МВР и на мене како министер е да ги подобриме условите за работа, бидејки тие се многу важна алка во синџирот на безбедноста кон мотивацијата на полициските службеници. Ние досега имаме целосно реконструирано, по сите стандарди со енергетска ефикасност, термо фасади, прозорци, вкупно 56 објекти. Моментално се работи на четири објекти на Секторот за внатрешни работи во Куманово, на ОВР Крушево, сега ќе започнеме со реконструкцијата во Прилеп и Чашка, понатаму продолжуваме Пробиштип и по приоритет, рече Спасовски.
Активностите се одвиваат по основ на приоритет при што, како што дополни Спасовски, започнато е со работа на објекти кои се во најлоша состојба.
-Од најлошите продолжуваме кон оние кои се во најдобра состојба, при што кон крајот на оваа и можеби почетокот на идната ќе ги завршиме сите објекти. Градиме три нови објекти кои што се важни за МВР, а наскоро ќе започнеме со изградба на нова полициска станица во населба Аеродром, додаде министерот.
Целта, според Спасовски, е создавање подобри услови за работа на полицијата и подобри услови за остварување на правата на граѓаните.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња