Спасовски - Мејер: Интензивна македонско-американска соработка и во наредниот период
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната работна средба со заменик-шефот на Мисијата на Американската амбасада во Скопје Ерик Мејер и членовите на делегацијата, упати благодарност за досегашната соработка и поддршка од САД години наназад, конкретно во делот на зајакнување и модернизирање на капацитетите на МВР.
- Во делот приоритети и цели на МВР, министерот Спасовски ги посочи борбата против сите облици на организиран криминал и борбата против тероризмот, за што констатираше дека овие цели успешно се спроведуваат, а постигнатите резултатите се на високо ниво, известуваат од МВР.
Заменик-шефот на Мисијата Мејер му се заблагодари на министерот Спасовски за денешнава средба како и за континуираната одлична соработка на земјава со САД во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската Влада и Амбасада за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани