Спасовски: Кризната состојба не значи повеќе полиција и војска на улиците, туку можност за користење на сите капацитети во борбата со КОВИД-19
Прогласувањето на кризната состојба не значи дека граѓаните ќе гледаат зголемен број полицајци или војници по улиците заради спроведување на мерките, туку можност сите ресурси во државата да се искористат максимално во координација на сите надлежни органии и институции, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Од безбедносен аспект, додава министерот, состојбата е мирна, стабилна без разлика на тоа што имаме прогласено кризна состојба, пред се за справувањето со ковид кризата.
-Ангажманите на полицијата се на едно повисоко ниво во делот на спроевдувањето на законските надлежности уште од самиот почеток на кризата во март годинава, меѓутоа сега носењето на одлука за прогласувањена кризна состојба на територијата на целата држава беше со цел да можеме полесно да координираме, да превенираме и да се справуваме со состојбата која што е од Ковид-19. Кризната состојба сама по себе не е состојба во која што граѓаните или било кој друг ќе види многу полиција на улиците или многу армија за спроведување на мерките, рече министерот Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Тоа, вели не е целта, туку целта е сите државни институции да бидат ставени на располагање да можат да се вклучат во битката против Ковид -19, но и согласно Законот за кризна состојба да можат да се искористат сите ресурси вклучително и приватните.
–Од тој аспект можам да кажам дека веќе оперативно заеднички функционираме со армијата, веќе се рспоредени луѓе за обезбедување односно припадници на полицијата и на Армијата на објектите каде што за тоа имаме потреба. Акцискиот план се спроведува врз основа на проценките и на групата за проценка и на Главниот штаб и ресурсите во овој период мора да бидат користени многу рационално, внимателно и многу паметно. Тоа е важно за да ја постигнеме целта што ја имаме, рече Спасовски.
Тој очекува дека целосно ќе биде испочитуван акцискиот план, и најави дека таму каде има потреба ќе се вклучат во заеднички активности и полицијата и армијата. Тој истакна дека се забележува и поголемо почитување на заштитните мерки, оти се чувствува едно повисоко ниво на свесност на гражаните за оваа сотојба. Спасовски апелираше сите да се однесуваме совесно и заедно да застанеме на патот на ширењето на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња