Македонија
21. July 2021 - 10:15

Спасовски: Криминалот за една година го намаливме за 10,8 проценти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово на  на својот Фејсбук профил напиша дека криминалот за една година е намален за 10,8 проценти.

-Ако ги споредиме периодите јануари-јули 2020 и истите месеци во 2021 година, криминалитетот се намалил за 10,8 проценти. Според нашите анализи стапката на криминал на 100 илјади жители сега е 569 дела, а лани во иститот период 630 дела на 100 илјади жители, а тоа покажува зголемена проактивност на полицијата. Исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и и потрагите по потерници, напиша министерот Спасовски