-->
-->
Спасовски: Изготвена е кривична пријава против петте лица, на повеќе од 100 страници
-->
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на вонредна прес-конференција вечерва рече дека е изготвена кривичната пријава против петте лица кои се осомничени за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
„Денеска сите бевме во очекување за кривичната пријава против петте лица која што ја најавивме вчера и веќе можам да најавам дека таа е изготвена на повеќе од 100 страници, вклучувајќи ги и доказите и предадени се во ОЈО. Со неа се опфатени 5 лица, од кои 1 за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и еден за помагање. Од овој момент натаму, предметот е во надлежност на ОЈО“, појасни министерот Спасовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни