Спасовски именува нови 11 раководители во МВР
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска именувал нови 11 раководители на организациски единици во МВР, од кои седум во секторите за внатрешни работи и четири во МВР.
- Тоа го направив врз основа на проценката моја и проценката на мојот тим со единствена задача до изборите МВР да функционира нормално, да се обезбедат услови за фер и демократски избори, да се остварат сите функции согласно Законот за внатрешни работи, да се сочува јавниот ред и мир, безбедноста на граѓаните и да не дозволиме МВР да биде алатка во рацете на која било од политичките партии, туку да биде во интерес на граѓаните и да создаде услови граѓаните слободно да донесат одлука за следните парламентарни избори, изјави министерот Спасовски.
Смените, како што појасни, се направени во седум сектори за внатрешни работи, Одделот за организиран криминал, Секторот за прикриени операции и на Единицата Алфи.
Спасовски вели дека кадровските промени ги направил врз основа на политичкиот договор и измените на Законот за Влада, според кои потребен е потпис и од дополнителниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов.
- Јас сум отворен за соработка врз основа на приниципите на Законот за измени и дополнувања на Влада. Неговите овластувања се многу јасни, дека тој учествува во кадровски правни работи и дека ќе треба да бидат заеднички потпишани. Јас стојам на тој став и сакам да соработувам, меѓутоа за да имате соработка потребни се две страни, изјави Спасовски и додаде дека негова цел е Министерството да функционира нормално и да се создаде фер шанса и да не се политизираат одредени работи.
Тој појасни дека според Законот може да направи смена на 15 раководни функции и оти по денешните 11 доколку почувствува потреба да ги промени и другите ќе го искористи тоа право.
Одговорајќи на новинарско прашање во врска со објавени информации за откривање на скриениот сведок рече дека тоа е прашање на пратениците. - Мислам дека барањето од страна на СЈО за да се направат измени во Законот за заштитени сведоци се реални затоа што не само тој сведок, туку кој било друг треба сериозно да биде заштитен, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени