Спасовски: Имаме сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат од политички причини
Ситуацијата во делот на пожарите, за жал ескалира во државата и тоа од неколку причини, не се само временските услови што се поволни за пожари, затоа што имаме навистина сушен период, меѓутоа најголемиот дел од нив се пожари што се подметнуваат. Доколку ова што ни се случува е од политички причини, а имаме сериозни индиции тоа да го потврдиме во наредниот период, станува збор за сериозен тероризам што се прави на државата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред француската амбасада.
Тој информира дека досега имаат поднесено кривични пријави против девет лица како сторители на пожари, а најголем дел од нив, како што посочува, се во врска со бизнис интереси во делот на трговијата со дрва.
– Апелирам во овој дел на пожарите и оние што се нарачатели од кој било апсект, ако е тоа од бизнис заедницата, бизнисот не се води преку предизвикување на штета врз природата. Ако е од политички аспект, сакам да упатам порака на политичарите да не се занимаваат со работи што прават директна штета и на природата и на државата само заради ситни политички поени, со тоа не се добива ништо, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
-
Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети
-
Состојба на патиштатa
-
Студено со појава на магла по котлините