Спасовски: Го продолжуваме делото на нашиот великан Гоце Делчев

Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко, напиша на својот профил на Фејсбук денеска премиерот Оливер Спасовски.
-Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за слобода и за независна Македонија.
Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер, нашиот патоказ кон иднината. Како што истакнува Пејо Јаворов, соборец на Делчев и негов прв биограф, „македонскиот народ го гледаше во неговото лице најблискиот, најверниот, најсаканиот свој учител, пријател и син“, пишува Спасовски.
Премиерот посочува на неодамнешното укажување на Кица Колбе дека „Визијата на Гоце Делчев за „културниот натпревар“ ја антиципира идејата на европското обединување половина век пред нејзиното пројавување по Втората светска војна.
-117 години по неговата трагична смрт, наша должност е да го продолжиме неговото дело и да го негуваме и почитуваме Гоце Делчев како лик кој сплотува, обединува и мотивира на борба за уште поголеми слободи и права и културен натпревар меѓу сите народи, потенцира Спасовски.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
