Спасовски: Да се биде христијанин, значи да се биде воден од љубовта
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до православните христијани, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
-Дозволете во мое и во име на МВР да ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден! Денеска е ден на радоста, Пасха Господова, ден во кој „од смртта кон живот, и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе!“. Овој ден ја испраќа пораката на мирот, на љубовта, на простувањето. Бидејќи Христос од Крстот им прости на сите што злодела направија и создаде нов свет, се вели во честитката од Спасовски.
Да се биде христијанин, се додава, значи да се биде воден од љубовта. Со Божјо милосрдие да ја замениме сопствената немоќ со Христовата сила.
-А, токму таа сила се гледа во Воскресението Христово – како порака на неисцрпна љубов. Оти, Христос е Љубов. Нека и овој пат Христовиот триумф – љубовта – биде неизбришливо втисната во нашите срца, се посочува во честитката од Спасовски по повод Велигден.
Од сето свое срце, се нагласува во честитката, посакувам мир, здравје, хармонија во секој дом. Нека Божјата благодат и радоста што создава нов свет не’ следат на секој чекор. Христос Воскресна!
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
