Набавката на вакцини за Западен Балкан една од темите на состанокот на ЕУ лидерите во четврток
Набавката на вакцини за Западен Балкан ќе биде една од темите на дискусија на лидерите на ЕУ на состанокот на 21 јануари, најавено е вчера во Брисел.
– Треба да разговараме за соработката со трети земји во врска со вакцините што треба да се третираат како глобално јавно добро. Ќе видиме како можеме да им помогнеме на нашите партнери во соседството и пошироко, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Во писмото со покана до лидерите на земјите-членки на ЕУ, пред видео-конференцијата закажана за четврток во 18 часот, Мишел наведува дека на состанокот ќе се разговара и за кампањата за вакцинација во рамките на ЕУ.
– Забрзувањето на вакцинацијата во ЕУ е наш апсолутен приоритет, вели Мишел.
Покрај расправата за набавка и дистрибуција на вакцини низ ЕУ-27 и во соседството, Мишел најавува и разговори за сертификати за вакцинација.
– Ќе разговараме за соодветноста на заедничкиот пристап кон сертифицирање, како и, доколку е потребно, околностите под кои може да се користат ваквите сертификати, рече Мишел.
Претседателот на Европскиот совет смета дека моменталната состојба со Ковид-19 во Европа бара најголемо внимание.
Покрај почетокот на вакцинацијата, тој повика да продолжат тестирањата и следењето на контактите, но и да се овозможи прекугранично движење во рамките на ЕУ.
Ново на Сител
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
