Спасовски: Цврсто стојам на ставот дека со законскиот текст за амнестија не се постигнуваат ефекти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го повтори својот став дека со законскиот текст за амнестија нема да се постигнат ефекти.
- Јас искажав мој став и кажав дека тоа е мој став. Цврсто стојам на тој став дека со законскиот текст не се постигнуваат ефекти и дека треба да се размислува стратешки во правец на создавање на услови за да може тие оние кои се на издржување казни, да ги издржуваат казните, а не преку амнестии да ослободуваме простор во казнено-поправни установи, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по првиот академски час на Факултетот за безбедност во Идризово.
Прашан каков е ставот на владејачката партија по однос на ова законско решение, кажа дека политичките ставови за ова законско решение „ќе ги артикулираат пратениците во Собранието“.
Спасовски во саботата кажа дека е непотребно носење на законот за амнестија и оти неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите. Според него, амнестираните, многу често по излегувањето од затвор, ги повторуваат делата.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
