Спасовски: Цел на акцијата не беа граѓаните на Љуботен, туку конкретни лица
Луѓето за кои реагирате не соодветствуваат со вашиот првичен став дека сите се залагаме за борба против криминал и корупција. Акцијата е насочена кон конкретни лица што учествуваат во нелегални активности. Апсолутно, цел на која било акција не се граѓаните на Љуботен или на кое било друго населено место, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи му на Ејуп Аљими.
Пратеникот на ДУИ на собраниската седница праша зошто полицијата го вознемирила населението на скопски Љуботен со употреба на, како што рече, прекумерна сила и воени возила во акцијата во вторникот во која беа запленети околу 14 тони тутун „вирџинија“ нелегално увезен во земјава.
Спасовски рече дека истрагата била водена подолго од Финансиската полиција, а самата акција спроведена со поддршка на МВР врз основа на наредба од Јавното обвинителство кое е надлежно за предметот. Во акцијата биле извршени претреси на 13 локации во Љуботен, Арачиново, Сингелиќ и во Визбегово, така што, рече Спасовски, акцијата не е насочена само кон граѓаните на Љуботен.
– Секој чесен граѓанин, домаќин, апсолутно нема потреба од страв и негодување. И тие се против луѓе, нивни соседи, кога гледаат како на недозволен начин ставаат милиони в џеб. Од 400-500 куќи во село Љуботен, претрес е извршен само во девет објекти, на девет лица. Тоа уште еднаш потврдува дека не е целта секој граѓанин на Љуботен во однос на која било акција, туку таргетирани лица кои учествувале во ваков нелегален начин на трговија. Секој кој произведува и продава тутун, се знае како се пријавува, каде и како се врши откуп итн. Има законска забрана за трговија или производство на вид на тутун „вирџинија“, рече Спасовски.
Запленети се, рече, околу 14 тони тутун, од кои 96 отсто е тутун од трговија што е незаконска активност. Запленети се и пет машини за режење тутун во селото. Забрането е да режат и да продаваат тутун зашто тоа ја нарушува стабилноста на финансискиот систем и директно влијае на буџетот.
Спасовски не ги соопшти имињата на осомничените во акцијата, но рече дека и претходно биле евидентирани во МВР за различни кривични дела.
Ново на Сител
-
Илија Танчев од Пловдив е исчезнатиот нуркач по кој се трага во Охридското Езеро | ФОТО
-
Протести за поддршка на палестинскиот народ на над 100 локации низ цела Грција
-
Повеќе од 11% од депортираните од Германија минатата година биле малолетници на возраст од 6 до 18 години
-
Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун
-
Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење
-
На ГП Богородица и ГП Дојран се чека околу 30 минути
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего