Спасовски: Антисемитизмот главно е поврзан со немоќта да се прифати одговорноста за сопствените неуспеси
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите во Македонија, се обратил на Конференцијата во организација на ОБСЕ, посветена на Еврејската заедница на Северна Македонија, а е дел од проектот „Од зборови во дела“, што се очекува да предизвика конкретна акција на институциите на глобално ниво за справување со нетолеранцијата кон еврејската заедница.
Како што објави не неговиот официјален фејсбук профил Спасовски, во својата суштина, антисемитизмот не се однесува на Евреите.
– Во фокусот на антисемитизмот се антисемитистите. И, тој главно е поврзан со немоќта да се прифати одговорноста за сопствените неуспеси, а да се бара виновникот на некое друго место, што подалеку од нив самите. Сето ова го имавме предвид кога го креиравме концептот ‘Едно општество за сите’, поаѓајќи од фактот дека вистинските вредности на едно општество доаѓаат од способноста да го прифати и почитува различното – Северна Македонија претставува пример дека ваквата политика и овие вредности, како наша верба и определба, можат да функционираат и на Балканот, напиша Спасовски.
Покрај ова, напиша министерот Спасовски, институциите се должни да бидат будни, особено при обликувањето на политиките за човековите права и слободи, за борба против антисемитизмот и расизмот, за глобална акција против говорот на омраза, но, и за брз, ефикасен одговор кон сите обиди за појава на каква и да е омраза – односно во состојба на една постојана превентивност во еден поширок меѓуинституционален аспект, кој што опфаќа низа општествени сегменти – образование, култура, социо-економски фактори и слично.
– Од страна на МВР таквиот вид на омраза ќе биде благовремено детектиран и бескомпромисно спречен во својот корен. Но и сите останати институции во државата се широко отворени за иницијативи и идеи во насока на заедничко превенирање на таквите тенденции, објави Спасовски на ФБ.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија