Спасов: Посебниот додаток ќе се зголеми за 21 процент
Зголемување на парична помош што ја остваруваат родителите на децата со посебни потреби за 21 процент, зголемување на постојаната парична помош за 21,5 проценти и зголемување на паричната помош за лицата со квадриплегија за 50 отсто во наредните четири години, вети денеска заменик министерот за труд и социјални работи Диме Спасов на средбата со претставници на Здруженијата на лица со инвалидност од Штип.
Предвидуваме, рече тој, зголемување и на паричната помош, односно на правото на надоместок за скратено работно време на родителите на децата со посебни потреби за 25 проценти, како и проширување на ова парично право за лицата коишто се над 26 години бидејќи досега го остваруваа само лицата коишто беа до 26 години.
Спасов рече дека предвидени се и низа проекти за подобрување на вработливоста на лицата со инвалидност.
- Оттука, планираме за поддршка на вработувањето на лицата со инвалидност вкупна инвестиција во следните четири години од околу 820 милиони денари за субвенционирање на нивното вработување, истакна Спасовски.
Додаде дека се предвидувааат нови мерки за работно оспособување и обуки за лицата со инвалидност и за лицата со оштетен вид, за лицата со оштетување на слухот и за телесните инвалиди, како и за лицата со лесна и умерена интелектуална попреченост.
Спасов вети отворање на нови дневни центри и за деца со пречки во развојот, како и повеќе мерки за децата со аутизам.
Ново на Сител
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите
-
Штип го чествува празникот „Свети Никола“, патронот на градот
-
Форумот за образовани промени предлага субвенциониран меѓуградски превоз за студенти
-
ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
-
Прегазен 34 годишник во Гостиварско
-
Повторно блокирана работата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади