-->
-->
Спасен пливач од Дојранското Езеро
-->
На 112 во ЦУК околу 16.30 часот е барано помош за лице коешто пливало во езерото заради лошото време со ветер, бранови и езерски струи кај месноста „Калдрма“ во Дојранско Езеро, соопшти ЦУК.
„Лицето е пронајдено живо од страна на полициски службеници од ПС Дојран. Конкретно од СВР Струмица известија дека лицето испливало до брегот во близина на грчката граница. Истото од таму е земено од страна на припадниците од МВР и е надвор од животна опасност. Инаку, полицајците од ПС Дојран со чамец на концесионерот на езерото беа излезени на теренот при силен ветер и бранови и вршеа пребарување на Дојранското Езерото на местото каде што било забележано лицето. ДЗС немаше чамец на Дојранско Езеро“, велат од ЦУК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спасен пливач од Дојранското Езеро
-
Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пронајдена почината изгубената планинарка на Шар Планина
-
Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени
-
Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Денес се празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија
-
ИДФ го уби лидерот на Хамас во Либан