-->
-->
Спалети: Кварацхелија и Салах се брилијантни
-->
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ги спореди неговиот напаѓач Квича Кварацхелија и Мохамед Салах (Ливерпул) пред меѓусебниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.
– Ова се двајца играчи кои успеваат да играат брилијантно, но на различни начини. Можете да им дадете топка и тоа ќе се претвори во опасна шанса за тимот. Лесно им е да ги заобиколат ривалите и да ја примат топката со брзина од 2000 км/ч, а потоа да се свртат. И двајцата се убедени во својот потенцијал и дека секогаш се подготвени да му помогнат на тимот. Овие играчи можат да направат разлика, рече Спалети на прес-конференција.
Натпреварот меѓу Наполи и Ливерпул ќе се одигра вечер од 21 часот на „Енфилд“.
Во пресрет на последното (6. коло) во А-групата, Наполи е прв со 15 бодови, Ливерпул има 12, Ајакс 3, Ренџерс 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
-

Партиите за предлогот Савески да е државен обвинител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Телеком со нова понуда за корисниците – Неограничен интернет и роаминг во повеќе земји
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
-

Мицкоски ќе побара од маркетите да не ги зголемуваат цените на производите
