СП2022: Бразил без Нејмар и Данило против Швајцарија
– Бразил во натпреварот против Швајцарија во рамки на второто коло во групата Г на Светското првенство 2022 ќе биде без услугите на Нејмар и Данило поради повреди, соопшти лекарскиот тим на Кариоките.
Докторот Родриго Ласмар појасни дека Нејмар на дуелот од првото коло против Србија ги повредил лигаментите во скочниот зглоб, а со слична повреда на истиот натпревар се здобил и Данило.
– Тие двајца играчи нема да ги имаме на располагање на следниот натпревар, но тие продолжуваат со процесот на рехабилитација со цел да бидат подготвени за продолжение на турнирот, посочи Ласмар во видеопорака која ја објави Фудбалската федерација на Бразил.
Репрезентацијата на Бразил во четвртокот ја совлада Србија со 2-0, а дуелот против Швајцарија е на програмата в понеделник.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто