-->
-->
СП ватерполо: Хрватска ја надигра и Унгарија во финалето
-->
Ватреполистите на Хрватска се новите светски прваци откако синоќа во финалето на 17.то Светско првенство во спортови на вода во Будимпешта го совладаа домаќинот Унгарија со 8:6 пред 8.000 бучни унграски навивачи. Резултат по четвртини: 4:0; 0:2; 2:2 и 2:2. Ова за Хрватска е втор златен медал на Светските првенства по 2007 година во Мелбурн. На патот до првото место во нок аут фазата Хрватска ги победи Италија во четвртфиналето и Србија (досегашниот светски првак) во полуфиналето.
Популарните „баракуди“ одлично го почнаа финалето и по првата четвртина водеа со 4:0, но домаќинот до средината на третиот период успеа да изедначи на 4:4. Сепак, Хрватска повторно дојде до водство (7:4), кое не го испушти до крајот на дуелот. Најефикасен на фуналето беше Сандро Сукно со 3 голови, додека голманот на Хрватска Марко Бијач имаше 11 одбрани.
Во натпреварот за бронзениот медал Србија ја победи Грција со 11:8.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот