-->
-->
СП атлетика: Ван Никерк го одбрани златото на 400 метри
-->
Светскиот рекордер Вејд Ван Никерк од Јужна Африка ја одбрани титулата светски првак откако синоќа на Светското првенство што се одржува во Лондон триумфираше во трката на 400 метри. Тој постигна време од 43.98 секунди и најави дека ќе се обиде да освои златен медал и во трката на 200 метри. Второто место му припадна на Стивен Грејднер од Бахами, а трет беше Абдалелах Харун од Катар.
Во трката на 800 метри кај мажите Французинот Пјер-Амбосе Босе беше најбрз со време 1:44.47 минута и го освои златниот медал. Втор целта ја мина Полјакот Адам Кцзот, а трет Кипјегон Бет од Кенија.
Атлетичар од Кенија победи во трката 3.000 метри стиплчез. Консеслус Кипруто до првото место стигна со време 8:14.12 минути, пред Суфијане Ел Бакали од Мароко кој го освои сребрениот медал, а бронзата му припадна на Американецот Ејван Џегер. Кипруто на претходното СП беше второпласиран.
Барбора Шпотакова од Чешка копјето го фрли со далечина од 66.76 метри за прво место, пред двете претставнички од Кина Ли Лингвеи и Лиу Хуихуи.
Во дисциплината скок со стап победи Американецот Сем Кендрикс, кој прескокна височина од 5.95 метри. Второто место поради подобрата серија го освои Пјотр Лисек од Полска, а трет е Рено Лавение од Франција. Двајцата имаа скокови од 5.89 метри.
Денеска на програмата се три финални дисциплини: фрлање ѓуле и 400 метри кај жените и 400 метри со пречки кај мажите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори