-->
-->
СП 2019: Исланд победи, Македонија во Келн ќе игра за пласман од 13-16.место
-->
Македонската ракометна репрезентација со пораз од Исланд 22:24 го заврши настапот во групата Б во Минхен на СП во Германија и Данска. По голема борба и во натпревар во кој Македонија водеше до 40.минута на крајот се радуваше противникот откако успеа да направи пресврт.
Македонија добро го почна натпреварот и имаше водство и од три разлика - 4:1. Противникот се врати во игра, но на полувреме Македонија пак водеше со 13:11.
Последното водство нашиот тим го имаше во 16:14, а потоа голманот на Исланд Густавсон одбрани два зицера во еден напад при резултат 16:15 и тука почна нашата селекција да паѓа во играта. Исланд направи серија од 4-0 за водство кое го задржа до крајот на дуелот иако во 56.минута беше нерешено 21:21.
Најефикасен на дуелот беше Гунарсон, кој постигна 10 голови. Ристовски кај Македонија и Густавсон кај Исланд имаа по 13 одбрани, додека Манасков и К.Лазаров беа најефикасни со по 5 голови.
Утре е слободен ден на шампионатот, а Македонија следниот натпревар во ланксес Арена во келн го игра против Русија, која го освои четвртото место во групата А.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата