Современиот балет „Заспаните убавици“ на Мајски оперски вечери
Во рамки на програмата на 44. Мајски оперски вечери, во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен современиот балет „Заспаните убавици“, според романот на Јасунари Кавабата „Куќата на заспаните убавици“.
Како што информира МОБ, се работи за ново гледање и пристап кон приказната „Заспана убавица“ која не е раскажана на традиционален начин. Приказната во прв план ги поставува односите помеѓу младоста и староста, сексот, смртта, животот и сеќавањето.
- Сите овие аспекти придонесуваат кон развојот на еден жив ум. Кавабата ја потенцира способноста на човечкиот ум да фрли светлина на односот на поединецот со светот во кој егзистира. Размислувањата на ликовите за грешките во минатото најчесто се случуваат кога се наоѓаат на прагот на смртта. Тогаш очајно ја бараат таа невозможна шанса, повторно да ја зграпчат младоста, дури само за миг, и да почувствуваат една почиста егзистенција, соопшти МОБ.
Кореографијата и сценската идеја се на Саша Евтимова, костимографијата на Александар Ношпал. Балетот се игра на музика на Рихард Вагнер, Едвард Григ, Јохан Себастијан Бах, Густав Малер и Милан Димушевски.
Во балетската претстава ќе настапат Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит