Македонија
14. February 2017 - 19:36

Современа терапија на Клиниката за онкологија

Современа терапија за пациентите со карцином на Клиниката за Онкологија.

Болните од рак на кожа и бубрег веќе добиваат поефикасни цитостатици, а од април нови лекови кои го продолжуваат животот ќе има и за третман на рак на дојка, дебело црево, црн дроб и бели дробови.

- Ова се лекови што досега воопшто не биле на позитивна листа, ниту пак се набавувале, изјави Никола Тодоров,вицепремиер и министер за здравство.

Со новата современа терапија годишно ќе бидат опфатени околу 200 пациенти со малигни заболувања.

- Станува збор за лековите „пертузумаб“ за рак на дојка, „сорафениб“ за карционом на црн дроб, „кризотиниб“ и „егфрин“ за бели дробови, како и „оксалиплатин“ и „бевацизумаб“, Милан Ристоски, директор на Клиниката за онкологија.

Новите лекови ќе се набавуваат на тендер а постапката е веќе почната. Годишно за нив ќе се издвојуваат околу 1,5 милиони евра.

- Агенцијата во соработка со Министерството за здравство досега обезбеди средства во висина од 61 милион денари за набавка на овие лекови, изјави Марија Дарковска-Серафимовска, директор на МАЛМЕД.

- Фондот за здравствено осигурување определи условен буџет и обезбеди финансиски средства за почетокот на набавка на овие лекови од Клиниката во вредност од 32 милиони денари, рече Сасо Стефановски, директор на ФЗОМ.

Според надлежните, Македонија е меѓу првите земји во регионот која набавува современа терапија за карцином, бидејќи дел од лековите прв пат се произведени пред 3 години.