Македонија
10. April 2019 - 8:44

„Современа скулптура“ - Изложба на ДЛУМ

Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена возобновената изложба „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Ќе учествуваат 24 современи автори со 30 дела и ќе биде доделена награда „Боро Митриќески“ именувана  по академскиот скулптор, под покровителство на неговото семејство.

До згаснувањето во 1980-тите години изложбата се организирала насловена „Ситна пластика“ и претходно „Современа македонска скулптура“.