Современа постановка на „Грабнување од сарајот“ од Моцарт во камп на ИД
Австриецот Мартин Кушеј изработи нова постановка на познатата опера на Моцарт, „Грабнување од сарајот“, во која дејството е поместено во денешно време во еден камп на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Вака замислената верзија на „Грабнување од сарајот“, требаше да биде изведена на фестивалот за лирско творештво во француксиот град Екс ан Прованс, но организаторите на манифестацијата ја условија нејзината изведба со измени во режијата, бидејќи оцениле дека основната замисла може да се протолкува како порака до ИД.
По интервенцијата на организаторите, од новата верзија на операта се исфрлени две сцени, една, во која се појавува знамето на ИД, и втора, во која еден од актерите е осуден на смрт со обезглавување.
Инаку, во постановката на „Грабнување од сарајот“ на Кушеј на сцената се појавуваат и актери „вооружени“ со автоматски пушки, кои толкуват улоги на борци на ИД.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото