Македонија
17. October 2018 - 10:45

„Современа македонска поезија“ од Раде Силјан

Антологија на „Современата македонска поезија“ од Раде Силјан излезе деновиве од печат во издание на „Матица македонска“ од Скопје.

На страниците од книгата застапени се песни од 28 автори, кои создавале во изминатите осумдесет години.

Во предговорот насловен „Традиција, современост и континуитет“, Силјан опширно говори за развојните текови на македонската поезија, почнувајќи од делото на основоположникот на модерната македонска поезија, Кочо Рацин па сè до претставниците на генерацијата на седумдесетите години на минатиот век.

На крајот од антологијата приредувачот објавува и комплетни био-библиогравски белешки за застапените автори.