Современ израелски филм во Кинотеката на Македонија
Кинотеката на Македонија во соработка со амбасадорот на Израел за Македонија Дан Оријан и Еврејската заедница во Република Македонија од 2-ри до 6 декември ќе организира филмски циклус посветен на современиот израелски филм.
Ќе бидат прикажани шест филмови со превод на македонски јазик. Филмската ревија во сабота ќе биде отворена со „Хармонија“ во режија на Ори Сиван, со две проекции од 19 и од 21 часот,
Во наредните денови ќе бидат прикажани документарните филмови „Посебна посета на Македонија“ и „Кармелим во Македонија“ - двата во режија на Пјер Лави, филмовите „Татко“, „Витлеем“ и „Најдобрите за мечување“. Шесте филмови се од поновата продукција во израелската кинематографија.
Филмската критичарка Гена Теодосиевска смета дека во последните 20-ина години израелскиот филм го привлекува вниманието на критиката и на филмофилите и публиката.
- Својата најголема меѓународна сатисфакција израелскиот филм ја доживува на најпознатите и најголеми филмски фестивали од највисока категорија во светот, на кои во која било програма е особено тешко да се влезе, а особено кога на нив ги добива и најпрестижните награди, вели Теодосиевска.
Билетите за проекциите се бесплатни и може да се резервираат телефонски (02 3065 968) од 16 до 19 часот на билетарницата на Кинотеката на Македонија.
Ново на Сител
-
Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп за депортациите
-
Студентите од Белград тргнаа на протестен марш кон Нови Сад
-
Тетово: Полицајци пукале во воздух откако 32-годишник удрил во полицаец па се дал во бегство
-
„Хеленик трејн“: Ламарини, прехранбени продукти, пива и железни жици превезуваше товарниот воз што се судри со патничкиот кај Темпи
-
Утре и во сабота топло, во недела дожд
-
51-годишник починал при извршување на работни задачи на патот Кичево-Охрид
-
Убиството на маж кој го запали Куранот во Шведска пренесувано во живо на социјални мрежи
-
Дел од терапијата што недостасуваше на УКРО пристигнала денеска, соопшти Таравари