Живот
8. December 2017 - 17:22

Совладајте ги проблемите со заморот: Во кафето ставете ја оваа состојка и ќе се решите од проблемот

Карактеристичната егзотична арома на цимет е за многумина првата асоцијација е на колачи, но многумина не знаат дека овој зачин е природен лек.
 
Една од вистинските заштитни знаци на зимата е циметот. Освен што има добар мирис и посебен вкус, може да биде одличен пријател за подобрување на вашето здравје.
 
- Меѓу другото, конзумирањето на  цимет во чај е еден од најдобрите начини за регулирање на шеќерот во крвта. Подготовјката е многу лесна, оставете ја водата да зоврие и додадете една кафена лажичка цимет и оставете ја да стои 15 минути. Водата ќе заземе кафена боја, а се што ви треба е да ја исцедите течноста  и - да го пиете.
 
Циметот е исто така одличен во борбата против проблемите на дигестивниот систем. Подготовката е иста како и за чај, само треба да додадете неколку листови од нане во вода. Оставете сè за околу десет минути, продолжете и направете доза од три чаши што ќе ги пиете во текот на денот. Овој зачин е исто така ефикасен во губење на тежината, бидејќи делува како антиоксиданс, и најдобро се консумира во форма на чај со лажица мед, по можност половина час пред појадокот.
 
Ако имате проблеми со замор, додадете една третина од лажичка цимет на вашето утринско кафе. Ако не сакате да го измешате со кафе, можете да ставите цимет во супа .
 
За подобар сон, додадете стапче цимет во загреаното млеко и пијте го еден час пред спиење.