Советот за македонски јазик при Владата повикува на усвојување на Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик
Советот за македонски јазик при Владата на Република Северна Македонија го повикува претседателот на собраниската комисија за култура Кастриот Реџепи, веднаш да ја свика комисијата за култура на Собранието и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.
- Советот за македонски јазик при Владата на РСМ упатува јавен повик до претседателот на Комисијата за култура во македонското Собрание, Кастриот Реџепи веднаш без одложување да ја активира работата на Комисијата и да обезбеди амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик, стои во соопштението од Советот.
Оттаму дополнуваат дека секое одложување на овој процес е во директна спротивност со меѓусебното и меѓукултурно почитување на различните заедници во нашето општество.
- Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик е изготвен и усогласен со Советот за македонски јазик, одржани се повеќе јавни расправи и се усогласени различните дополнувања дојдени од пратениците и од други места, а во негова изработка учествуваше и пошироката стручна и културна јавност. Сакаме да одбележиме дека постапката за носењето на новиот закон е поддржано од сите пратенички групи кои изразија подготвеност и амандмански да учествуваат во неговата финализација, наведуваат од Советот за македонски јазик при Владата.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!